29 мар.
Целен орган во производството на компирот не е плодот туку кртолата (задебелен дел на подземното стебло). Кртолите после бербата се однесуваат слично на плодовите, односно продолжуваат да живеат, дишат, испуштаат влага и на крај р‘тат или пропаѓаат. Наша цел е да произведеме квалитетни кртоли, навремено да ги извадиме од земјата, адекватно да ги складираме и да ги упатиме на пазарот.